Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 септември 2011
Македонската селекција во футсал убедливо ја совлада селекцијата на Србија со 6:2, полувреме 1: 0.
Головите за Македонија ги постигнаа Левевски во 9-та, Мицевски во 23-та и 34-та, Агуши во 31-ва и 38-ма и Ранготов во 35-та, додека кај гостите Рајчевиќ во 28-ма и Живановиќ во 39-та.
Македонската репрезентација прикажа одлична игра и ја совлада селекцијата на Србија која беше фаворит пред натпреварот.
Средбата се одигра во салата ,,Гемиџии,, во Велес, пред 500 гледачи. Утре истите противници ќе одиграат уште еден контролен натпревар, но во Скопје.
Средбите се во рамките за подготовките за пред квалификациите за ЕП кои ќе се одиграат од 19-23 октомври во Македонија. Наши противници се Франција, Црна Гора и Швајцарија.
Tweet |